
-Штип градот под Исарот е град на две реки ,или поточно на устието на Oтиња во Брегалница распослан покрај реките и на околните ридови .. Денес Штип има помеѓу 45000-50000 жители . Но животот тука започнал ногу порано некаде околу третиот век пред нашата ера кога античкиот хроничар Полиен за прв пат го спомнува името Астибо .,пеонски град , кој бил забележен и на Табула Пеутингериана (античка карта ) како една од станиците на патот Стоби – Пауталија (Ќустендил)- Сердика(Софија)..

Подоцнежниот средновековен град Штип несомнено израснал како предградие на тврдината на ридот Исар . За градот пишувале бројни патописци :Хаџи Калфа во 1650 , Евлија Челебија во 1662 ,Феликс Божур во 1795,Ами Буе од 1836 до 1838,Виктор Григориевич во 1845, Јохан Хан од 1858 до 1863 итн. Па така Евлија Чебелија забележува дека ,Штип е кдилук со тврдина на ридот што ја чува стража , а во грдот има 2240 куќи изградени од тврд материјал , кои се покриени си тврди плочи .Во грдот има џамии , бањи ,голем караван сарај …
Во 17 век Штип има неколку анови 540 дуќани и безистен,но вистинскиот развој на градот започнува кон крајот од 18 и почетокот на 19 век . Францускиот конзул Феликс Божур наведува дека во 1800 година градот има 4000 жители ,две години подоцна се зголемува на 5000 и веќе во годинните 1835 и 1859 Штип има 15000 односно 20000 жители .Во тој период градот има значајна улога во развојот на трговијата меѓу приморските градови на егејското море и внатрешноста на Балканот.

Но , со отварање на железничката пруга Скопје –Солун во 1873 година , Штип го губи приматот и бргу почнува да осиромашува .Во оваа пригода ќе повториме еден општопознат факт,кон крајот на 19 век во Штип учителствуваат големите македонски револуционери , Гоце Делчев , Дамјан Груеви Ѓорче Петров .Таков градот под Исрот ќе го пречека разбрануваниот дваесетти век, падот на Османлиската империја .Балканските војни и жестоката Брегалничка битка, Првата светска војна …
Во Првата балканска војна (1912-1913) Штип е освоен од Србите ,во 1914 го заземаат Бугарите и веќе во 1918 година заедно со распарчената Македонија влегува во составот на кралството на СХС….
(Текс на Илинденка Петрушева објавено во списанието за уметност СУМ)