ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИ ИНИЦИРА ПОСТАПКА ЗАЕДНО СО ДОНЕСУВАЊЕТО НА БУЏЕТОТ ЗА 2022 ГОДИНА ДА СЕ ЗАПОЧНЕ СО РЕАЛИЗАЦИЈА НА УСОГЛАСУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ СО ПОРАСТОТ НА ПЛАТИТЕ И ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ

Скопје,13.11.2021           

Извршниот одбор на ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, на седница  одржана на 12.11.2021 година, донесе одлука да иницира постапка, веднаш, заедно со донесување на Буџетот за 2022 година, да се отпочне со реализирање на ветувањето на премиерот Зоран Заев за усогласување на пензиите со порастот на просечната плата и порастот на трошоци на живот од 01.01.2022 година.

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, во текот на изборната кампања за локалните избори во октомври о.г., во рамки на коалицијата предводена од СДСМ, се избори премиерот Заев да го прифати предлогот пензиите, освен со порастот на трошоците на живот и порастот на БДП, да се усогласуваат (зголемуваат) сразмерно и со порастот на просечната плата во земјата.

Очекувањата на пензионерите во земјата се ветувањето да биде исполнето. Поради тоа ПП, иако актуелните политички околности во земјата се усложнуваат, завзема став одлучно и веднаш да се заложи за реализирање на предлогот и донесување на потребната измена во Законот за ПИО.  Реализирањето на оваа заложба за ПП е факт кој ќе го дефинира заклучокот како е третирана во рамки на владеечката коалиција и колку сериозно се пристапува кон реализирање на заеднички договорените пензиски политики.

Партија на пензионери не ја условува и нема да ја доведува во прашање соработката по стратешките определби на земјата во рамки на коалицијата, но нема да отстапи од програмските цели за подобрување на материјално-социјалниот статус на пензионерите и спречување на маргинализација и дискриминација заради возраст, дотолку повеќе што реализирањето на ваквото усогласување на пензиите е враќање на веќе стекнати права кои не ја нарушуваат стабилноста на Пензискиот фонд.

ПП во 2022 година, согласно со својата Програма, ќе поведе иницијатива за изнаоѓање одржливо решение за усогласување на минималните пензии со минималните плати, со цел да се овозможи дополнителна подршка на оваа најранлива група на пензионери.                          

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе