СВЕТИ НИКОЛЕ: Одбележана Масленица или Руска прочка

Свети Николе, 15.03.2021

Пишува: Јована Златева
Пишува: Јована Златева

Прекраснот христијански празник кај нашиот народ познат под името Прочка, а кај рускиот народ Масленица е еден од најпознатите празници кај славјанските народи. Празник кој ни ги зближува и стоплува душите, и секако празник полн со прекрасни традиции. Се празнува кај сите славјански народи точно една недела пред големите велигденски пости. Во таа недела можеме сите да се согласиме дека општото расположение и апетит се значајно подобрени.

А како не би биле? Неделата е исполнета со разноврсни и морам да потенцирам превкусни рецепти обоени со живописната палета на месото, десертите, тестенините и сите останати вкусни деликатеси. Секако храната не е најважниот дел од празникот но мора да се согласиме дека е еден од најпопуларните. Но како и во секој празник најважен дел е пораката која ни ја пренесува и поводот поради кој качуваме неколу килограми, мислам поради кој го славиме празникот.

sv03Празникот ја најавува пролетта и не потсетува дека не треба да заборавиме да им простиме на најближните затоа што животот е секако краток, зошто да го трошиме карајќи се со оние кои најмногу ни значат. Во нашата традиција барањето на прошка е најважната традиција. А во руската култура голем дел има и малата прослава која се одвива на овој ден со некоклку доста интересни традици.

За време на празникот се прават топли палачинки кои се превкусни, се пеат весели народни песни и се гори сламена кукла. Преку самото палење на куклата се верува дека се ослободуваме од сите неубави работи. Во нашата држава руските организации на сонародници ја прославуваат Масленица заедно со сите нејзини руски традиции, а во нашиот град Свети Николе организација на Масленица врши Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин». Празникот овде освен со горењето на куклата е проследен и со прекрасен базар на ракотворби.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе