Штип, 12. Јануари, 2018
Вчера попладне со голема доза на резервираност заминав за Пехчево на настан. Резервираноста беше резултат на сознанието дека во Малешевијата температурата беше под десет степени, а и снег имаше доста. Се прашував какви ќе бидат патиштата дотаму.
Состојбата со која се соочив јас и сопатниците беше изненадувачка. Чист пат, наместо по снег и мраз се возевме по асфалт, никакви проблеми дури ниту под и на Обозна која е на висина од 926 метри, односно трипати повисоко од нивото на кое е Штип.
Се возевме речиси како и во лето. И на враќањето околу 23 часот од Пехчево, кога возилото покажуваше надворешна температура од -14 степени целзјусови тргнавме со скепса. Да не нешто патот е можеби заледен? Ама не. Ништо од тоа. Пак убав пат, безбеден за сообраќај во секоја смисла.
Затоа едно големо браво и секоја чест за Македонија пат за начинот на кој зимава ги оддржува патиштата во нашиот источен регион.