Студенти од МСУ и лицата со посебни потреби имаа креативна работилница

Свети Николе, 14.12.2017

Студенти од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ Свети Нколе-Битола, по повод претстојните новогодишни празници, учествуваа во креативна новогодишна работилница во Дневниот центар за лица со посебни потреби – Свети Николе.

Студентите и децата од Дневниот центар подготвија рачно изработени новогодишни честитки и декорации.

Со изработените декорации корисниците ќе се претстават на Новогодишен фестивал и базар во Св. Николе.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе