ШТИП: Започна афалтирањето на патот од Кошево до Почивало.

Штип, 18.03.2021

Денеска започна асфалтирањето на патот од селото Кошево до плачковичкото село Почивало. Првиот ден се асфалтирани 500 метри, а работите за целосно асфалтирање продолжуваат и во наредните денови. Инвестицијата во вредност од 2,6 милиони денари е на Агенцијата за финансиска подршка за земјоделство и рурален развој и општина Штип.

-Продолжуваме со капитални инвестиции и вложувања во инфраструктурата кои треба да го олеснат движењето и на луѓето од овие села, а истовремено и да го подобрат квалитетот на живот на жителите во нив, изјави градоначалникот д-р Сашко Николов.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе