ШТИП: Прво па женско, годината ќе биде родна!

Штип, 02.01.2018

Сара, првото родено бебе во Штип, ја обележа 2018 година. Родена е во 01,50 минути на првиот овогодишен ден. Мајката родилка Сара Постолова е од село Карбинци во близина на Штип.

26510698_10214112556503877_1990185190_oШтипскиот градоначалник Благој Бочварски денеска беше во посета на среќната мајка која се породи на гинеколошѓкото одделение во Клиничката болница. Сара се роди како здраво дете  долга 47 сантиметри и тешко три килограми. Бочварски на новороденото бебе му подари штедна книшка со 10.000 денари,а подароци добија и нејзините родители.

-На  родителите на Сара посакувам таа да порасне голема и во нејзиниот живот да ги ужива благодетите за она за кое ние се бориме, а тоа е ново модерно општество, да ги ужива благодетите на нови и модерни градинки, да учи во нови и модерни училишта во нашиот град, порача градоначалникот на Штип.

Дежурен гинеколог во новогододишната ноќ беше Виолета Ефтимова. Таа ни изјави дека  мајката Ивана во болницата била донесена во еден часот по полноќ, а веќе по 50 минути Сара дошла на свет.

-Мајката и детето се чувствуваат добро. Во минатата година имавме 929 породувања , од кои 30 проценти се извршени со царски рез, а останатите се спонтани породувања. Во 2016 година имавме 17 породувања помалку, информира Ефтимова.

Штипскиот градоначалник Бочварски, на Одделението за Гинекологија и акушерство му подари и ваучер од 20.000 денари.

Народните верувања упатуваат на тоа дека, ако првороденото бебе во годината е женско, тогаш односната година ќе биде родна. Дали тоа ќе биде така, останува да покаже годината која ги одбројува своите први два дена.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе