ШТИП: Утре во Домот на култура „Ацо Шопов“ промоција на петтомното издание на Архиепископот г.г. Стефан „Слово за словата“

Штип, 21.06.2021

Утре, 22 јуни 2021 година, во 12 часот, во големата сала при Домот на култура „Ацо Шопов“ ќе биде промовирано петтомното издание на Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан под наслов „Слово за словата“.

Ова капитално дело на г.г. Стефан е во издание на Македоската православна црква – Охридска апрхиепископија. Се работи за труд кој е резултат на архипастирското дело на г.г. Стефан во изминатите 20 години како поглавар на Македонска православна црква – Охридска архиепископија и низ 33-те години како архијереј во епархиите во државава и во дијаспората.

Промотори на делото се Епископ Хераклејски Климент и Проф. д-р. Ѓоко Ѓорѓевски. Промоцијата ќе биде збогатена со пригодна музичка програма со изведба на хорски копозиции и инструметални музички дела со музичари од македонската филхармонијата.

202834425_516535796213473_922222354362959490_nНа 22( вторник) 06.2021 година со почеток во 12:00ч во големата сала при Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип ќе се одржи промоција на петтомното издание на делото „Слова за словата“ од Архиепископот г. г. Стефан, во издание на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Трудот е резултат на архипастирското дело на г.г. Стефан во изминатите 20 години како поглавар на Македонска православна црква – Охридска архиепископија и низ 33-те години како архијереј во епархиите во државава и во дијаспората. Промотори на делото се Епископ Хераклејски Климент и Проф. д-р. Ѓоко Ѓорѓевски. Промоцијата ќе биде збогатена со пригодна музичка програма со изведба на хорски копозиции и инструметални музички дела со музичари од македонската филхармонијата.
Влезот е слободен и е согласно здравствените протоколи.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе