Најмалку 95 лица се загинати, а 130 се повредени по силен земјотрес што го погоди планинскиот регион Тибет во вторник наутро, јавуваат кинеските државни медиуми.
Според податоците на Американскиот геолошки институт, земјотресот што го погоди Тибет бил со јачина од 7,1 степени, пишува Би-би-си.
Потреси биле почувствувани и во соседен Непал и делови од Индија.
Видеа објавени од кинеската државна телевизија покажаа уништени куќи и урнати згради, додека спасувачите минуваат низ остатоците.
Струјата и водата во регионот се во прекин.