Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс.

Рама, кој е многу повисок од Мелони, се спушти на колено за да ѝ го даде нејзиниот подарокот и запеа “тантии аугури” (Среќен Роденден) додека двајцата лидери присуствувале на Светскиот самит за иднината на енергијата во Абу Даби.

Шалот бил парче мода и дело на италијански дизајнер кој се преселил во Албанија, кој што го претставил на Рама и сакал да биде подарен на италијанската премиерка Мелони.

Двајцата лидери имаат добри работни односи, и покрај различните политички убедувања – Мелони ја води десничарската партија, додека Рама ја предводи Социјалистичката партија на Албанија.

Минатата година, Мелони постигна договор со Рама за пренасочување на дел од мигрантите што Италија ги собира на море во центри за притвор во Албанија. Центрите моментално се неактивни поради правни предизвици против овој план.

На самитот во среда, Италија, Албанија и Обединетите Арапски Емирати потпишаа договор вреден најмалку 1 милијарда евра (1 милијарда долари) за изградба на подводна меѓусистемска врска за обновлива енергија низ Јадранот.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе