ВЛЕН: Општините треба самостојно да одлучуваат за развојните приоритети

ВЛЕН ја става децентрализацијата во срцето на својата политичка визија, нагласувајќи дека демократијата не се мери само на државно ниво, туку пред сè во секојдневниот живот на граѓаните: во општините, маалата, училиштата и во квалитетот на локалните услуги.

Од таму порачуваат дека нивниот пристап значи суштинска промена во улогата на локалната самоуправа: општините да добијат реална автономија, стабилни финансии и можност самостојно да ги одредуваат своите развојни политики. Во фокусот е и фискалната децентрализација, како и отворањето простор за поинтензивна прекугранична соработка и зајакнување на локалната економија.

Посебен акцент се става и на улогата на локалните власти во образованието, особено во основното и средното, како дел од пошироката идеја за пренесување на поголеми надлежности на терен.

Како пример за таквиот концепт се наведува и проектот Тетово – Призрен, кој според ВЛЕН треба да претставува модел за инфраструктурно и економско поврзување меѓу заедниците од двете страни на границата.

Во својата порака, од партијата упатуваат и критика кон политичките противници, тврдејќи дека зад себе оставиле запоставени општини, со недоволни услуги и без развојна перспектива. Според нив, граѓаните веќе ја препознале таа состојба и на изборите направиле промена.

ВЛЕН најавува нов пристап кон локалното управување, во кој општините нема да бидат само административни единици, туку вистински двигатели на развојот. Разликата, како што велат, е меѓу политики што остануваат на зборови и политики што се спроведуваат во пракса.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press