Штип, 13.12.2019
Денес во Штип во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативна демократија на ниво на заедницата“, кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, а кој е финансиран од Ifa /Zivik Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија имаше средба на советници и новинари.
На оваа средба беше презентиран улогата на советниците и улогата на новинарите (медиумите) и се разговараше за начинот на нивната меѓусебна комуникација.
Граѓаните треба да бидат информирани за работата и важноста на советниците од една страна, а од друга страна советниците и медиумите треба да ја зголемат меѓусебната соработка.