Штип, 08.01.2017
Пред истекот на старата година Илчо Нарцис Захариев се слика пред ТВ камерите со платен налог в раце со кој, според информацијата доставена до јавноста, прв го уплатил данокот на имот за 2017 година. Со неговата испрчена слика неговите пудлици испратија и текстуална порака: сите граѓани да си го платат данокот зашто така парите им се враќале назад во вид на проекти за добар живот на штипјани во Штип. Демек: да се следи примерот на Нарцисот.
Штип, во овие четири години на Илчо, има најголем буџет од 14,2 милиони евра. Плаќа данок и богато и сиромашно,и мало и големо, и слепо и далековидо, и социјални случаи, и кој треба и кој нетреба да плати…Илчо зема од секаде. Му тече во буџетот (дали само таму?) од сите страни. Не само данок туку и нешто плус, нешто што во своето име има детал од тениската игра.
И така, лани се насобраа 14,2 милиони, а оваа година Илчо прави напор сумата во општинската каса да ја надмине бројката од 15 милиони евра. Како што вели Нарцисот- за наше добро! Значи, секоја година со Илчо Нарцисот како татко на градот стануваме се посиромашни! И сето тоа- тоа се за наше добро!
Но, каде одат тие големи народни пари? Илчо рече: му се враќаат на народот. А ние видовме еден стар трактор како се движи по заледените штипски улици и како од него (тракторот) смрзнат работник со лопата фрла песок. Така Илчо ги враќа парите кон граѓаните-купува стар трактор. За наше добро!
Три дена Штип е окован во лед. По улиците не се вози, по тротоарите е неможно да се оди. Одамна е речено дека не паѓа снегот да го покрие брегот туку да ги открие трагите на зверот.
Во март се нови избори за нова локална власт. Ако Илчо добие нов мандат, бидете сигурни дека од нашите над 15 милиони евра тој ќе купи уште постар трактор! И тоа ќе го претстави како инвестиција за наше добро!
Ќе му ја дозволиме и таа заебанција на наш трошок и за наша сметка?
Останува времето да покаже кои сме, какви сме, и каков татко на градот сакаме!