Штип, 01.04.2018

Помина уште еден Први април во Штип,уште еден празник на шегата .Штипјани го прославија вообичаено со детскиот маскенбал и вообичаено со силен ветер,за да се знае дека е Штип.
Развиорени фустани на принцези и папагали во сите бои,вештерки ,џуџиња и насмеани детски лица го красеа цел ден градот под Исарот. А штипјани ,познати шегаџии и порано се маскирале и се шегувале на разни празници и по разни поводи.
На Коледе,на Сурова,за Прочка,за понеделниците по секоја свадба,на серенадите и на разни карневали, на Свети Асазден. Ви прикажуваме некои фотографии од весели и маскирани штипјани,а вие спомнете по некој штипјанец познат по неговите шеги, додадете по некоја ваша фотографија или раскажете некоја случка од вашите сеќавања.