Бајден издаде превентивни помилувања за заштита на лица кои што се таргетирани од Трамп за одмазда

Претседателот Џо Бајден, кој што веќе ги одбројува своите последни моменти во Белата Куќа, издаде превентивни помилувања за лица кои републиканскиот наследник Доналд Трамп ги таргетирал за одмазда, вклучувајќи го поранешниот претседател на Здружениот комитет на началници на штабови, Марк Мили, и поранешниот главен медицински советник на Белата куќа, Ентони Фаучи, пренесува Ројтерс.

Помилувањето ги опфаќа сите законодавци кои беа дел од конгресниот комитет за истрага на нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година од страна на поддржувачите на Трамп, како и полициските службеници кои сведочеа пред комитетот.

Трамп, кој денес ќе се врати на претседателската функција, повеќепати повикуваше на гонење на своите перципирани непријатели откако ја освои Белата куќа во ноември.

Бајден ги пофали јавните службеници како „врвните луѓе на нашата демократија“. Без да го спомене Трамп, тој изрази загриженост дека некои од нив биле изложени на закани и заплашувања за вршењето на својата работа.

„Овие јавни службеници му служеле на нашето општество со чест и достоинство и не заслужуваат да бидат мета на неоправдани и политички мотивирани гонења,“ изјави Бајден во соопштение.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе