БЕРОВО: Словенечкиот противпожарен тим „Гасилци“ си замина од Македонија

Берово, 03.08.2025

Словенечкиот тим од 61 пожарникар специјализирани за гаснење на шумски пожари, со 18 возила денеска заминува од земјава, информираше првиот човек на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Пожарникарите од Словенија уште еднаш, по 2021 година кога ги спасуваа Малешевските планини, се покажаа како вистински пријатели на Македонија перфектно извршувајќи си ја мисијата , односно заштитувајчи ги шумите на пчланината Готен.

Беровчани и бројните гости кои летото го минуваат во Малешевијата беа фасцинирани од организираноста на Словенските пожарниакри кои поставија мобилни контејнери на фудбалското игралиште во Берово во кои беше командниот центар од каде командуваа со операцијата за спас на шумите. Тие прво направија извидување со хеликоптер и го направија планот за ефикасно гаснењње на пожарите.

Тие беа современ пример за тоа што е оперативен, кризен штаб, како се прави извидница, проценка, план и пристап. Тоа беше одлична можност за нашите професионални и доброовлни ПП друштва да научат нешто повеќе за хуманата работа со која се бават.

Инаку, пожарот на планината Готен е целосно изгаснат и од радовишката и од беровската страна, а во овој момент нема активни пожари.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press