Светот не може да одгатне што се случува во Русија и со Русија?
Најверојатно, веродостојни податоци, немаат ниту најспособните тајни служби, со сите пари на располагање, шпионски сателити и други техники.
Ако не е една голема игранка, значи ли тоа дека затаи и глобалниот некогашен супер – џандар, КГБ, сега ФСБ?
Работата дојде дотаму што еден Медведев од “безбедоносното правителство”, изрази сомнеж и стравување дека олигархот на Путин, Евгениј Пригожин, со своите команданти и многу илјадна до заби наоружана приватна војска, може да допре до стратешкото атомско наоружување!?
Западот, и нашиот Бијар Османи, останаа во неверување и мирување , “следејќи ја ситуацијата одблизу и со внимание”!!!???
Ситуацијата дојде дотаму, Ердоган да му дава поддршка на Путин, возвраќајќи му на истата онаа што ја доби кога и нему му гореше под нозе, кога и самиот беше соочен со внатрешен воен удар.
Парадоксот дојде дотаму што најблискиот пријател на Путин, белорускиот претседател Лукашенко, се вклучи да помогне, нудејќи егзил и третирајќи го побуненикот на исто претседателско рамниште со своето, додека традиционално превртливите Чеченци со Кедиров, прискокнаа со воена поддршка за Путин, односно големата воена империја Русија!
И наеднаш, пресврт, во смисла, ете, се шегувавме!
Во неможност да ги имаме вистинските информации, се што можеме да направиме, а најмалку да погрешиме извлекувајќи одредени поуки, е да се потпреме на старата народна мудрост.
Самиот Пиутин, еднаш изјави, цитираше мисла на татко му, дека, добриот комшија е покорисен и од највисокиот плот (ограда околу куќата – за помладите).
Ете тоа е точно. Од тоа и ние можеме да извлечеме некаква поука.
Доколку сето ова не е некоја КГБ – игранка,а, делува како да не е, втората поука, позајмена од мудрост, би била: со гаволот тикви не се садат!
Нашиот народ вели, не знаеш каде спие гаволот? Дали спие во пештерите, или, пак, во манастирите?
Или, пак, можеби, во владините одаи!?
А токму Путин е тој што ја посади тиквата, заедно со ѓаволот. Тој го создаде феноменот Пригожин, тој му овозможи да направи паралелна армија од фанатици – браќа по оружје, тој ги испраќаше во Сирија, Украина, низ земјите на Африка.
Човекот кој продаваше виршли по улиците на путиновиот Санкт Петерсбург, подоцна се оспособи да му скува некоја вкусна храна на Путин, за да му го “закува” сето ова на крајот.
На крајот, да се потпреме на уште дна мудрост, за да извлечмe нeкоја поука.
Мојата првонаградена тема, на литерарен конкурс, уште пред “само” шеесетина ки кусур години беше: “Огинот е добар слуга, ама, е лош господар”.
Тогаш учев “основно школо” во во селото Белчишта, на 8 километри, само во едниот правец, од моето Црвена Вода, до каде патував секој ден . Учителката закажа поделба на дипломите и паричната награда, доцна навечер, во сабота.
Сам низ шума не се оди навечер. Дипломата и паричките гребаше да се земат.
Нејсе, добри калугери и во петок мрсат. Се договоривме, другарите што патуваа со мене до училиштето, да дојдат наменски таа вечер, да ми прават друштво и да ме храбрат.
Договорот беше, за мене хартијата (дипломата) за нив паричниот износ!
Ете, отприлика, можеби, вака е завршена и големата игранка, “двата дена што го потресоа светот!”, а самиот Путин ја спoреди со лениновата болшевичка револуција од 1917 година.