Габрово, 26.03.2025
Вчера попладне во во престижната уметничка галерија Христо Цокев во Габрово, Бугарија, беше отворена изложбата на карикатури – Му Way 4 на писателот и карикатурист, проф.д-р Јордан Ѓорчев, претседател на УО на Славјански Свети Николе-Битола.
Отворањето на изложбата побуди голем интерес во Габрово, а на настанот говореа директорот на галеријата – Евгени Недев, Димитар Димитров, ректор на Великотрновски универзитет кој е партнерски универзитет на Славјански, деканката на Факултетот за ликовна уметност – Антоанета Анчева и промоторот, професор и естетичар Кирил Трајчев.
„Презадоволен сум од фактот дека на отворањето на изложбата присуствуваа голем број на истакнати претставници од уметничкиот живот, познати општествени работници, меѓу кои ректорот на нашиот партнерски универзитет, Техничкиот универзитет во Габрово – проф. д-р Илија Железаров и поранешниот ректор на Великотрновскиот универзитет – проф. д-р Христо Бонџолов“, изјави авторот Ѓорчев..
Изложбата беше одлично организирана, а отварањето се одржа во исклучителна и прекрасна уметничка атмосфера.
Изложбата ќе биде поставена во галеријата до почетокот на месец мај.