Доналд Трамп вети дека ќе ги „изненади“ сите на првиот ден од неговото враќање на функцијата во Белата Куќа, со низа извршни наредби што се очекува да ги потпише во првите часови откако ќе положи заклетва како 47-миот претседател на САД.
Тој даде преглед на некои од директивите кои сè уште не се потпишани, изјавувајќи дека ќе бидат насочени кон прашања како што се нелегалната имиграција, климатските правила, политиките за разновидност, класифицираните документи и други теми.
Вообичаено е претседателите да потпишуваат различни извршни наредби кога ќе стапат на функција. Таквите наредби имаат сила на закон, но може да бидат поништени од страна на следните претседатели или судовите. Сепак, обемот на она што Трамп го планира би можел да биде без преседан, а се очекуваат правни предизвици.
Имиграција и граници
Депортации
Трамп вети дека ќе ја „започне најголемата програма за депортација во американската историја“, почнувајќи уште од првиот ден.
Се очекува да прогласи вонредна состојба на границата со Мексико и да ја зајакне војската при помогне во обезбедувањето на јужната граница, според Фокс Њуз.
Секоја програма за масовна депортација веројатно ќе се соочи со логистички тешкотии, милијарди долари трошоци и низа правни предизвици.
Укинување на правото на државјанство по раѓање
Трамп го нарече 150-годишното уставно право, кое гарантира дека секој роден на американска земја е американски државјанин, „смешно“ и вети дека ќе го укине уште во првиот ден и првиот момент.
Сепак, спроведувањето на ова е многу потешко од издавање на извршна наредба, бидејќи правото на државјанство по раѓање е експлицитно гарантирано со Уставот на САД.