Oсумдесет години од стреланите деца кај Ваташа: Никогаш повеќе да не се случи

Кавадарци, 16.06.2023

Денес се навршија 80 години од стрелањето на дванаесетте младинци од кавадаречкото село Ваташа од страна на тогашниот бугарски фашистички окупатор. По тој повод во месноста Моклиште, каде децата беа стрелани, беше одбележан тој грозоморен настан од Втората светска војна.

-Наша должност е овој грозоморен чин што пред 80 години го извела тогашната бугарска фашистичка влада, никогаш повеќе да не се случи. Токму затоа имаме чест да бидеме тука, да дадеме признание на семејствата на 12 загинати младинци и да испратиме порака, оваа крвава страна од историјата што ја испишала тогашната бугарска фашистичка влада, никогаш повеќе не смее да се повтори“, изјави за медиумите министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска.

На настанот присуствуваше и кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев кој во изјава за медиумите рече дека во чест на младинците, општината Кавадарци изготвила дванаесет бисти. Денеска бистите беа свечено откриени, а се отвори и спомен соба во чест на децата кои биле стрелани.

Изјава за медиумите даде и претседателот на ВМРО–ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече:

-Овие 12 младинци се убиени на ѕверски начин од страна на бугарскиот фашистички окупатор за време на Втората светска војна и тоа е чин што треба сите да нѐ обедини. Тоа е чин што не треба никогаш да го заборавиме.денеска голем дел од луѓето коишто се активни на политичката сцена во лов на сопствена политичка кариера и ден повеќе да бидат активни во политиката подготвени се дури и ваквите моменти да ги заборават, да ги избрусат, како што тоа го правеа многу пати во минатото со брусење на некои други хералдички знаци коишто се дел од македонското минато“.

Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски на одбележувањето присуствуваше генералниот секретар Миле Бошњаковски, кој положи цвеќе пред споменикот на убиените деца од Ваташа, чин кој се случи пред точно 80 години, односно на 16 јуни 1943 година.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе