ШТИП со преубава приредба ја славеше хармониката

Штип, 14.06.2023

Шести мај е светски ден на хармониката. Во чест на овој музички инструмент во многу градови во светот кои држат до својата музичка традиција се одржаа свечени концерти во кои главен инструмент беше хармониката.

Штип е еден од таквите градови благодарени на работата на музичкото училиште „Сергеј Михајлов“. М-р Тони Лазаров и Милан Коцев, професори по хармоника во ова училиште, со група свои ученици, а во чест и слава на хармониката организираа преубав концерт под наслов „Дуо хармоники“. Овој концерт беше посветен и на неодамна починатиот виртуоз на хармоника и композитор Милан Зафков, а од оправдани причини се одржа нешто подоцна од Денот на хармониката.

На програма беа композиции од класичната и народната музика во кои хармониката е водечки музички инструмент. Преполентата сала на Театарот Штип со големи аплаузи ги наградуваше професорите, нивните ученици и нивните гости-Тодор Зафков (гитара) Војче Петрушев, Зоран Настов, Џеко Јусеинов (тарабука) и м-р Христијан Николовски. Една композиција во класичниот дел на пијано имаа ученичките Златица Лазарева и Јулијана Јанев.

Да ги спомнеме и останатите учесници во овој спектакл: Димитар Лазаров, Давид Панев, Филип Данилов, Стефан Илијев, Драган Костадинов, Христијан Митковски, Иван Митров, Филип Станковски, Никола Данилов, Бојан Наков и Христијан Николовски. Настанот го организира НУЦК „Ацо Шопов“-Штип.

Подолу донесуваме повеќе фотографии од настанот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе