Радоста на Штип ја слави имунизацијата

Штип, 30.04.2025

На плоштадот „Слобода“ во Штип се собраа неколку стотина дечиња од двете штипски детски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“ за да го одбележат денот на имунизацијата.

Дечињата-традоста на Штип, облечени во посебна облека која ги претставува нивните градинки, на плоштадот изведоа перформанс во чест на денот кој е заштитен знак на чувањето на нивото добро здравје.

„Ова е прва година на една ваква манифестација на која дечињата бескрајно и се радуваат. Во организацијата се и Црвениот Крст на Штип како и Центарот за јавно здравје“, ни изјавија дел од воспитачките кои беа со дечињата на плоштадот.

Имунизацијата се врши со цел да се заштитат децата од заразни болести кои може да предизвикаат сериозни компликации и долготрајни оштетувања, некои дури и опасни по нивниот живот. Затоа родителите мошне сериозно се однесуваат кон процесот на имунизација и речиси нема семејство во градот и целокупнта општина кое не ги имунизира најмладите членови на своите семејства.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press