Тодор Александров се врати во родното штипско Ново Село преку споменик во чест на неговото револуционерно дело

Штип, 31.08.2024

Со свечена церемонија, коњаници кои во комитска облека го поминаа патот од центарот на Штип до Ново Село, и со панахида во црквата „Успение на Пресвета Богородица“  во Градот под Исарот е одбележана 100 годишнината од загинувањето за Тодор Александров,македонски политички водач, војвода и еден од водачите на ВМРО. Во негова чест денес е подигнат споменик, а иницијативата дојде од патриотското здружение „Мише Развигоров“ за што позитивно се изјасни и Советот на Општина Штип.

           Споменикот е со височина од 2,5 метри, а со постаментот има 3,70 метри.

„Целта на убиството на Тодор Александров била да згасне идејата за независна суверена Македонија. Ние,  после сто години од неговата смрт го продолжуваме неговото дело преку поставување на ова спомен обележје. Нека му е вечна славата, нека продолжи борбата за Македонија“, рече на настанот штипскиот градоначалник Иван Јорданов

За Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт „Гоце Делчев“ на ВМРО ДПМНЕ Тодор Александров е еден од најголемите македонци, и е рамо до рамо со Гоце Делчев.

„Тој е еден од најголемите макеоднци, а јас секогаш велам дека Тодор Александров е рамо до рамо со  Гоце Делчев. Срамота е што досега не сме го направиле ова. Но, сакам да искажам голема благодарност до градоначалникот на Штип Иван Јорданов што сега го имаме Тодор Александров во Ново Село во местото на неговот раѓање,“ рече Пандов на церемонијата на отворање на споменикот.

Тој додаде дека доколку не би постоел Тодор Александров и таквите борци како него, ние не би се нарекувале Република Македонија.

„И токму затоа, ние како македонци треба и мора да бидеме горди, а сегашните и идните генерации да ги учиме дека треба да се гордеат со нивните дела“, посочи Пандов.

Тодор Александров Поп-Орушов (Ново Село, 4 март 1881 — Сугарево, 31 август 1924) е македонски политички водач, војвода и е еден од водачите на ВМРО. Во 1898 година тој се приклучил во ТМОРО. Бил учител и раководител на месните комитети во Кочани, Виница, Кратово, Ново Село и Штип, секретар на четата на штипскиот војвода Мише Развигоров (1905) и на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев-Кочански (1907), окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ (1907), член на ЦК на ВМОРО (1911), член во Штабот на III македонска бригада во Балканските војни и во Штабот на партизанската чета на III бригада на XI македонска дивизија во Првата светска војна.

По војната, заедно со Александар Протогеров и Петар Чаулев, ја обновил организацијата под името ВМРО (1919) и во 1920 ја зацврстил во Пиринскиот дел на Македонија, каде што создал организациона и воена база и оттаму ги обновил оружените четнички акции во Вардарскиот дел на Македонија.

Дејствувал против политиката на земјоделската влада на Александар Стамболиски за зближување со Кралството на СХС. Го потпишал Мајскиот манифест за обединување на македонските револуционерни сили (1924), но пред убиството јавно се откажал од својот потпис.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе