Авто-мото сојузот на Македонија известува дека од денеска од 15.50ч во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец А1 Демир Капија- Смоквица и сообраќајот се се пренасочува по алтернативниот патен правец Р 1102. Неофицијално, причината за прекин на сообраќајот се излизгани камиони поради наносите од снег.
На овој автопат во тек се активности за реконструкција на левата тунелска цевка од Тунел 1 за кои е најавено дека ќе завршат до 21.01.2025 година. Поради тоа целосно беше затворена за сообраќај левата тунелска цевка, а сообраќајот се пренасочувашпе во десната тунелска цевка.
Демир Капија – Смоквица (28 километри) беше последната делница од Коридорот 10 (Север – Југ) чија изградба се чекаше долги години. Откако изградбата отпочна во 2012 година, за неа беа потрошени 228 милиони евра. Од вкупната сума на средства 70 милиони евра беа грант од ЕУ, а останатите средства беа обезбедени како кредит од Европска банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка. Околу 6 милиони евра беа одвоени од државниот буџет.
Автопатот го отвори владата на премиерот Зоран Заев кон крајот на април 2018 година. Изведувач беше грчката компанија „Актор“.