Во Штип промовиран роман на Велко Неделковски

Штип, 17.11.2016

Велко Неделковски
Велко Неделковски

Во спомен собата на поетот и револуционер Ацо Шопов во штипскиот Центар за кулруа, денес точно напладне беше промовиран најновата книга за деца „Златко-Златец“ на познатиот македонски писател Велко Неделковски. Оваа книга е добитник на наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца во изминатата година што ја доделува Друштвото на писатели на Македонија.

Промотор на најновот литературно дело на Велко Неделковски беше проф.д-р Весна Мојсиова Чипишевска, а извадоци од книгата читаше актерот Страшко Милошевски. Промоцијата беше проследена од стотина дечиња, ученици во штипските основни училишта.

(крај/и.б.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе