Штип, 01.07.2020
Ленче Рунтева од Комисијата за земјоделство при СДСМ Штип на денешната прес конференција истакна дека во последните три години како поддршка на земјоделцитеа им се исплатени 430 милиони евра директни и индиректни инвестиции што е историски рекорден износ.
-Во изминатите 3 години покажавме што значи вистинска грижа за земјоделците и земјоделството. Субвенциите ги зголемивме, исплатата се одвива редовно, навремено и неселективно. Ја воведовме зелената нафта – 200 милиони денари завршија назад кај 55.000 земјоделци.
Поддршката за млад земјоделец ја зголемивме од 10.000 евра на 20.000 евра;
Важно ни е земјоделството, важни ни се земјоделците, затоа, грижата за нив во следните четири години продолжува уште повеќе.
Годишната финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој ја димензионираме на 200 милиони евра
До 2024 година обезбедуваме целосно бесплатна 100 проценти субвенционирана „зелена“ нафта за сите земјоделци и двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок за земјоделците.
Поддршката кон младите земјоделци, кон жените земјоделки продолжува.
Субвенционирање на плата (по 3.000 денари) на нововработен работник во земјоделско стопанство помлад од 25 години, рече Рунтева.
Таа посочи дека земјоделството, домашното производство се особено важни во ова време на глобална криза. –„Затоа носиме земјоделски политики насочени кон создавање на ОДРЖЛИВО, КОНКУРЕНТНО, МОДЕРНО И ИНОВАТИВНО земјоделство и производство со повисока додадена вредност“, рече Рунтева.
Според неа СДСМ покажува вистинска грижа за земјоделците, го цени и вреднува нивниот труд. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира земјоделците.
Затоа на 15 јули земјоделците ќе изберат повисоки субвенции, сигурен пласман и повеќе пари во своите буџети и нема да дозволат обнова на газењето врз нивниот труд.