На Пилав тепе откриена базилика

Штип, 15.06.2023

 На археолошкиот локалитет Пилав Тепе помеѓу Радовиш и Штип е откриена базилика која, како и базиликата откриена на локалитетот Баргала во општина Карбинци датира од 4 до 6 век.

-Се работи за Базилика од ранохристијанскиот период и овој наод ни укажува на фактот дека и на овој дел од Македонија имало ранохристијански објекти, вели д-р Митко Штерјов, директор на Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип кој работи на овој проект.

Пилав Тепе на археолошката карта на Македонија е заведен како неолитска и доцноантичка населба од 2 до 4 век од нашата ера, но со најновите истражувања се потврди дека овој локалитет бил населен и во хеленистичкиот период.

-Археолошките истражувања на локалитетот Пилав Тепе ги реализираме во месецте мај и јуни, годинава. Со овие истражувања е потврдено дека објектот кој се наоѓа во секторот Северна Некропола е базилика. Базиликата кој се откри е со откриена должина од 20 метри во насока запад-исток. Од базиликата се откриени два ѕида, односно јужниот и источниот ѕид од јужниот кораб и апсидата на базиликата, појаснува Штерјов.

Најброен движен археолошки материјал на овој локалитет е камената пластика. Фрагментите од камена пластика се од камени мелници, столбови, капители, транзени и олтарна преграда. Како најрепрезентативни археолошки артефакти се два фрагменти од камена пластика со декорација. Едниот фрагмент е со флорална декорација додека другиот фрагмент е со декорација со гројзе што ни укажува дека оваа базилика со својата големина и со својата украсна декорација е репрезентативна

Пронајдени се и фрагменти од градежна и покривна керамика.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе