Штип, 20.03.2019
На увид на штипјани им даваме две фотографии. Првата е оде пред доаѓањето на Илчо Захариев за градоначалник, втората е дел од неговите “градителски подвизи“ во Штип.
Збор е за едно од најкултните места на градот, малиот, убаво среден парк кај хотелот Оаза како продукт на поранешни, нормални времиња, и истата локација денес „изработена“ според архитектонската визија на Илчо од четирите години на неговото владеење со Штип.
На првата слика се гледа убав парк, негувана трева, дрвја кои прават убави сенки, клупи за одмор, патеки за прошетки.
На втората гледаме куп железо, кое Илчо го именува како „парк на Макфест“ со што влезе во гинисовата книга на рекорди и секакви глупости кога куп железо, бетон и челик ги именува како „парк“.
Штип имал видни урбансти, квалитетни мислители и градители, но трагите од градителското безумие на Илчо Захариев овој град и неговите граѓани уште долго ќе ги чувствуваат.
На штипјани е можноста да си кажат што им било подобро, поградски, попривлечено….Паркот како парк, или паркот како куп железо со име „Парк Макфест“
[poll id=”2″]