ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури

Борис Кондарко, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги повика учесниците и медиумите да го почитуваат изборниот молк пред вториот круг на локалните избори, што започнува вечерва на полноќ.

„Изборниот молк започнува вечерва на полноќ и трае во текот на утрешниот ден кога гласаат болните и изнемоштени во своите домови, лицата во казнено поправни домови и во старските домови. Апелираме сите граѓани да можат да слободно да го остварат своето право на глас, да излезат и да гласаат. Гласањето е лично и тајно, така што во согласност со сите насоки правила и процедури на ДИК да можат да си го остварат своето демократско право на глас. Апелираме до сите изборни органи, до избирачките изборни комисии и до општинските изборни комисии да ги почитуваат сите законски процедури и сите упатства во врска со постапката на гласање“, рече тој.

Резултатите од утрешното гласање на болните и немоќните, на затворениците и лицата во старските домови не се бројат и не се објавуваат утре, туку заедно со останатите резултати во недела.

На 2 ноември на секои два часа ДИК ќе излезе со податоци за отворањето на гласачките места, за текот на гласањето и за одѕивот од гласањето.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press