Меѓу вечните вистини, или, поуки за сите времиња – како сакате, искажани од мудреците, впечаток ми остави онаа за поимот “одлив на мозоци”, или, заминувањето на образованите во странство, за дилемата околу (не)етичноста од напуштањето на родната земја.
Според нобеловецот Иво Андриќ, проблемот, или штетета – како сакате, не во заминувањето на паметните, туку, во останувањето на идиотите!
Градот во кој живеам, Охрид, низ историјата, но и сегашноста, изнедрил многу паметни луге. Универзитетски професори, академици, византолози од балкански и светски маштаб, барем двајца, претседатели на МАНУ.
Во оваа прилика, ќе издвојам паметна мисла, како вечна вистина, или, дилема, на помлад охриганец, професор и светски експерт, кој живее во Данска.
“Што е потешко, да си странец во туѓина, или, туѓинец дома!”, вели професорот д-р Петар Попоски.
Со оваа дилема, најверојатно се соочил, и, после Климента, најславниот – Григор Ставрев Прличев, штом веќе тогашните охридски првенци, го избркале да учителствува што подалеку од Охрид.
Не им бил по мерка, не биле слични за да се сакаат (Similles Similii Gaudet), толку различни, те морал да ги подучува и советува да излезат во Европа за да видат дека се “НИКОЈ И НИШЧО”!
И бидејќи, историјата, секогаш, во сегашноста се повторува како фарса, со сличен проблем се соочиува и денешниот учен охриѓанец Anis Sefidanis.
Неговиот проблем е што се родил предвреме, а живее со луѓе, родени со задоцнување од барем еден век. Неговиот проблем е што сака и постигнува, лугето, закоравени во времето на Прличета, денеска, да разговараат со виртуелниот Прличе!
А, тие разговараат на начин, како во досетката на, ете си, партиски војник (иако името ми е познато!), кој оди во Комитетот, да побара парче за себе од изборната победа.
– Ама, ние, за цела кампања не те видовме, не дојде ниту да се понудиш плакети да лепиш!?
-Како не тука, бев, вие ги лепевте, јас ги кинев!!!
Некој таков мудрец, само што беше поставен паметниот споменик “Виртуелен Прличев”, уште веднаш, го облепил со најавни плакати за концертите на Владо Јанески и “Црвена јабука”.
Го излепил, го нагрдил, го ставил надвор од функција, а, ете, воопшто не поцрвенел од срам!
Зашто да не1? Поставен на прометно место (веќе знаете за прекопувањето на коските од попот за да и се обезбеди задгробен живот “на проиметно место!” на сега бившата (црвена!) пратеничка од Охрид!), широк, висок, мазен за облепување!
Што знае дете што е мехатроника, електромотор, матрикс лед модули, графички процесорски единици, централна процесорска единица за исцртување на виртуелната сцена во 360° закривен простор!?
За табула раза тоа е табла, плот за секакви намени!
Авторот, информатичкиот универзитетски професор, човекот роден предвреме и создавач на хуманоидни роботи, кои, на пример, автономно создаваат музика за забава, а ги промовира во Охрид, господинот Јанис, веќе го имаше вкусено горчливото искуство, бидејќи неговиот Прличев и претходно беше физички замолчен! Да не речеме демолиран!!!
Во секој слиучај – ванмдализиран! Овој пат можеше само да крикне:”не е од болест се што боли”!
Само ден откако обзнани дека “на плоштадот на уметноста “Долна Порта”, е промовиран дигитален паметен споменик со пригодна свеченост, заедно со градоначалникот Пецаков), кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите на древниот Охрид”.
Воскреснувањето на Григор Прличев преку алхемијата на најновите технологии ни овозможува синхроно да ги спознаеме културата и технологијата, минатото и иднината, во непосредна интеракција со дигиталната свест на Вториот Хомер.
Холографската технологија, тродимензионалниот мултимедијален интерфејс и просторната звучна акустика го потопуваат виртуелниот аватар на поетот во срцето на неговиот роден град.
Иновативниот систем кој е изработен од страна на компанијата Сефиданис, што неодамна потпиша меморандум за стратешка соработка со oпштина Охрид, покрај останатото, вклучува и технологија за препознавање на говор на македонскиот јазик, како и високо реалистичен приказ на живописен аватар кој го претставува Прличев, синхронизиран со говор кој ги отелотворува стиховите и емоциите на поетот преку уникатниот глас на актерот Стрезо Стаматовски.
Снимањето и процесирањето на тродимензионланиот просторен аудио материјал го изработи Сашо Митан заедно со својот тим на Супер Радио Охрид, појаснвва професорот и ги наведува сите други што, на ееде, или друг начин, помогнале во реализацијата на проектот.
Се свое дава, ништо туѓо не присвојува!
Охрид, како град на УНЕСКО, има потреба од новите технологии кои овозможуваат дигитализација и трајна конзервација на културното наследство, во физичкиот и во метаверзумот. Ваквите иновации можат воедно да ја поттикнат промоцијата на градот и државата, со тоа што ќе понудат туристичко искуство кое не може да се најде на друго место, ќе каже професорот.
Е, не може професоре, ама, можеби и ти треба да си најдеш некое другои место, за да го поставиш. Звучи грубо, можеби невкусно, ама, сепак, ти говори паталец, не гаталец!
На времето, на вторите парламентарни избори, 1994 се охрбрив да се борам за пратенички мамндат, самостојно освоен, откако, пред 4 години, “туѓите” ме покрадоа (при предност од 2 илјада гласа во првиот круг), а “своите!” ме предадоа, односно продадоа!
Направив нордиска кампања, како што професрот сега прави дела од Силиконската долина, ама, пак ништо!
Еден стар мудрец, Ѓоко Наумоски – Дулацот, ме запира во паркот: “наредниот пат, дра пријателе и гласачи од нордиските земји да си донесеш”!!!
Пред подолго време, кога му го демолираа паметниот Прличе, уште тогаш, навреме, му напишав појаснување на професорот – каде живее, а не треба. Многумина ме осудија дека фаворизирам заминување на нашите деца од земјата.
Сега му повторувам: Ти не ме послуша. Еве, уште еднаш, низ парафраза на нобелоецот Андриќ: значи, не е проблемот во тоа што заминуваат мозоците, туку, во тоа што остануваат идиотите!!! Ти како сакаш!i
Стрчиш дете, стрчиш синко! Високо си над просекот, во земја на потпросечни, партиски климоглавци, лигуши, лепачи на плакати. Или ќе ти ја скинат главата, ова метафорички, или ќе те повлечат за нозете, надолу, кај нив – во геризот кој им е природна животна средина!
Слушај паталец. Ти им правиш виртуелен Прличев, а тие живеат во времето на Прличев. Те зар и живиот Прличев, не го избркале од Охрид!? Зашто? Затоа што им проповедал Европа, на дегенерици, им проповедал – СОВРШЕНСТВО, ИЛИ СМРТ. ги терал да излезат таму, во Европа, за да видат дека СЕ “НИКОЈ И НИШЧО”!
Веле Митаноски