Најмалку пет лица настрадаа во огромните пожари што се активни во Лос Анџелес. Пожарникарите и лицата за безбедност коишто се активно на терен велат дека бројот на жртвите би се зголемил доколку брзорастечките пожари не се стабилизираат, пренесува Си-Ен-Ен.
Овие пожари се меѓу најголемите во историјата на Лос Анџелес, со повеќе од 1.000 изгорени објекти и над 130.000 луѓе под наредба или предупредувања за евакуација. Повеќе од 200.000 домови и згради моментално се без струја и вода.
Главните пожари и најголемите се „Пожарот Палисејдс“, кој го зафаќа крајбрежниот дел меѓу Малибу и Санта Моника. Пожарот зафатил околу 17.200 хектари земјиште. Пожарот Итон, кој брзо се шири низ домовите во Алтадена, зафаќа 10.600 хектари и исто така не може да се контролира.
Пожарите Хрст и Лидија се единствените пожари коишто имаат зафатено помала површина од Лос Анџелес, и тие пожари се под делумна контрола и се очекува нивно згаснување во најбрз период.
Најновиот пожар е „Сансет“, кој избувна во Холивуд Хилс, каде што се издадени наредби за евакуација, гори на 60 хектари и за сега не може да биде контролиран. Во овој пожар изгореа огромен дел на домови на познати Холивудски лица.
Екстремните временски услови за пожари предизвикаа ширење низ Јужна Калифорнија, при што силните ветрови и ниската влажност ги влошуваат состојбите.
Ветровите и брзорастечките искри беа главните фактори за брзото ширење на пожарите, изјави началникот на пожарникарите во Пасадена, Чад Огустин. Иако интензитетот на ветровите опадна во средата, тие сè уште им отежнуваат работата на пожарникарите.