Oхрид, 03.06.2017
Малку потсетување за еден “херој” (со ТИТОВКА на главата!), кој прв ја шмугна(!) од зад грбот на Заев, од аголот на смрта, на “црниот четврток”!
“Титовецот”, е истиот оној, за кој, и порано сум пишувал: На моето инсистирање за коалицирањето со ВМРО ДПМНЕ, во 2006 -та година, одлуката да ја донесеме на органите на партијата, брусито одговори: “Шефот тоа ќе го реши со една прес конференција”!?
E, па, ако веќе шефот, можел да го реши со една прес конференција, зашто не ја направил, ако веќе не дозволил за тоа да одлучуваат органите на партијата (НСДП)? Освен ако, самиот тој, бил, самодоволен орган!? Односно, ако веќе, на почетокот “наивно” поверувал дека “технократот Н.Г ќе се посвети на економскиот развој на земјата!”, зошто – до ден денес, не се покајал, јавно не ја признал грешката, туку и натаму ги стимулира двајцата подарени пратеници да глумат лудило, да јаничарат – онаму, каде што шефот – измеќарува!?
Конечно, ако во мегувреме, сватил дека наивно влетал во загонот за “да сади тикви со ѓаволот!”, зошто, откако веќе се освестил (!), не ги искористил, првите прилики, да си ја поправи грешката!?
Нели, никогаш не е доцна да се остави првиот впечаток!?
Еве, како тоа, изгледа конкретно, илустрирано од два извештаи на “Утрински весник”, за двете најзначајни, неискористени прилики, од тој аспект: Гласањето на Законот за празници, со кој 23 октомври стана Ден на македонската револуционерна борба, односно партиски роденден на ВМРО-ДПМНЕ!
И уште поголемата прилика: Гласањето доверба, односно недоверба на Владата на технократот Никола Груевски (кој некому “учини” – државен секретар прифати со фалсификувана диплома!?), кога “покајникот”, едноставно, се скри!?
Затоа, сега ја “мафтосува” јавноста со “измишљотинки”, од типот: Џилијан Миловановиќ, “го принудила на коалицирање со ВМРО ДПМНЕ!”. Која Џилијан, онаа од покрај реката Потомак, или онаа од другата страна на Црн Дрим!?
Да, “како неа нема друга”, ама, и да ја има – чуму ти е!?
ПРИКАСКИТЕ НАСТРАНА, ЕВЕ СЕ ФАКТИТЕ:
(08.06.2007, 18:30)
ВЛАДАТА ДОБИ УШТЕ ЕДЕН КРЕДИТ
…. “Од друга страна, Петковски покрај проблемите со Тачи, има проблем и како да ја одржи внатрешната кохезија во неговата пратеничка група. А тоа станува проблем и на Груевски. Покрај Куновска, која веќе не е во НСДП, завчерашното гласање за доверба на Владата го бојкотираше и Иван Анастасовски, а на Веле Митаноски, наводно, му се случил пех, системот го регистрирал дека не гласал, а човекот “гласал!”. (“Утрински весник”)
(08.02.2007, 18:48)
ВЕЛИГДЕН ЌЕ СЕ ПРАЗНУВА ЧЕТИРИ ДЕНА, 2 ЈАНУАРИ И 2 МАЈ РАБОТНИ
….. “Од вчера 23 октомври (2007) и официјално стана државен празник – Ден на македонската револуционерна борба. Во пошироката јавност овој датум веќе се доживува како партиски роденден на ВМРО-ДПМНЕ, и токму овој момент беше најмногу оспоруван во новата листа на празници, што вчера ја усвои парламентот само со гласовите на парламентарното мнозинство и без присуство на опозицијата.
Инаку, за спомнатите законски измени гласаа 58 пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, двајца беа против – Благој Зашов и Веле Митаноски од НСДП, а двајца воздржани – Горан Мисовски и Мирјана Секуловска од НСДП. За Законот позитивно се изјаснија и тројца пратеници од ВМРО-Народна – Весна Јаневска, Валентина Божиновска и Марјан Додовски и Јагнула Куновска од НСДП. Лидерот на новите социјалдемократи Тито Петковски и потпретседателот на Собранието, Иван Анастасовски од НСДП, иако беа во парламентот, не присуствуваа на гласањето”……( “Утрински весник” )