По студеното утро, утрешниот ден ќе донесе пријатно и стабилно време со многу сончеви периоди и повремена мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец, додека утринските температури на повеќе места ќе се движат од -4 до 2 степени. Во текот на денот воздухот значително ќе се затопли, па максималните вредности ќе достигнат меѓу 14 и 20 степени.
Во главниот град се очекува претежно сончево и релативно топло време. Скопјани утрото ќе го започнат со температура околу -1 степен, а во попладневните часови живата во термометарот ќе се искачи до околу 20 степени. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Веќе од сабота временската слика постепено ќе се менува. Следува период на променливо облачно време со повремени сончеви интервали, но и услови за локални врнежи од дожд, најчесто во попладневните часови. Од вторник се очекува и постепено намалување на дневните температури.
