Бочварски со телеграма до сплитскиот градоначалник по повод смртта на Оливер Драгоевиќ

Штип, 31.07.2018

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, упати телеграма со сочувство за смртта на музичарот Оливер Драгојевиќ до градоначалникот на збратимената oпштина Сплит во Република Хрватска, Андро Крстуловиќ Опара. Во телеграмата стои:

„Со големо жалење ја примивме веста за смртта на еден од најобожаваните и омилените пејачи во нашата заедничка поранешна република. Срцата на обожавателите ги освои со неговите безвременски нумери, кои ќе останат значајна културолошка оставштина за генерациите што доаѓаат. Загубата е голема не само за нашиот братски Сплит и за пријателска Хрватска, туку и за целиот регион и светот. Оливер Драгојевиќ остави зад себе богата ризница музички нумери кои сплотуваат и обединуваат. Спомените за Оливер Драгојевиќ нема да избледат, затоа што тој како човек и како музичар остави големи траги кои нема да се заборават. Во моментите на болка, утеха нека биде неговото творештво коешто останува вечен спомен“.

Штип и Сплит се збратимени градови уште од времето на поранешна Југославија, врските помеѓу двата града час беа постојани час со прекини, но од пред седум-осум месеци тие одново одат во нагорна линија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе