Случајот сакаше последен да го испратам при погребението, само, во својство на соселанец. Затоа што официјално лице не дојде, ниту од општината, ниту од ДПМ!!!Подоцна, со Христо Петрески и други почитувачи, му ја обележавме родната куќа. И тоа го немаше сторено државата до пред 10 години. Пред 8 години, ја започнав манифестацијата ” Балкански поетски камп за млади и деца “Ванчо Николески ” (свечено се отвора, традиционално, во училиштето во Лескоец, крај Охрид, единствената установа што го носи неговото име), додека во училишната зграда, во родното Црвена Вода, ја уредуваме “Спомен собата” посветена на него.Во изминативе 8 години,на почетокот, најголема поддршка имав од рано починатиот Тоде Илиевски, потоа од професор д-р Христо Петрески, Мајо Даниловиќ од Белград, во името на Светската академија на поезијата, поетот и последен жив близок пријател на Николески, Киро Донев кој ни доставува прилози за “Спомен собата” (годинава ќе биде и учесник) и други ентузијасти.
На финансиски план редовна е поддршката на општина Охрид и општина Дебрца, а не смее да се заборави и грижата и поддршката на поранешниот претседател Стево Пендароски и сегашната претседателка Гордан Силјаноска Давкова, кои, редовно испраќаат Посланија до учесниците и по можност имаат средба со нив.
На големиот поет и прв комшија, имам потреба и лично да му се оддолжувам, затоа што мојот дедо, по татко, Ангеле (и семејството), ни ги овековечи, со тоа што, Ангеле е еден од главните ликови во “Волшебното самарче”, заедно со курирчето Трајче.
Исто така, не треба да се испушти фактот што нашиот иселеник во Австралија, Наум Трајчески, веќе цела деценија, води здружение со името на Ванчо Николески и спроведува бројни активности на книжевен и општествен план меѓу Македонците и пошироката јавност.
Јавноста нека суди каков е односот на другите официјални институции кон великаните кои трајно не задолжија.Пред се, Министерството за култура и ТУРИЗАМ, кое нема слух за вакви манифестации!!!
На денешен ден се сеќаваме на Ванчо Николески (1912–1980) – еден од основоположниците на македонската книжевност за деца и еден од најомилените македонски писатели.
Роден во охридското село Црвена Вода, Ванчо Николески својот живот го посвети на децата, образованието и македонскиот пишан збор. Како учител, новинар, уредник и писател, тој остави неизбришлива трага во македонската култура.
Неговите песни, приказни и романи не беа само литература. Тие беа лекции за добрина, чесност, другарство и љубов кон татковината.
Денес, неговото дело продолжува да живее преку генерациите ученици кои растеле со неговите книги и преку наградата „Ванчо Николески“, што се доделува за најдобра книга за деца и млади.
