Охрид, 17.05.2017
За разлика од многумина, колеги, колешки, водители и АНАЛИТИЧАРИ, јас ја поддржував намерата – Заев да оди кај, за мене, одавна непостоечкиот претседател, во ликот и делото на Иванов. Ликот на Прецедателот, денеска, најсликовито се отслика, се одрази во лузните од челото на Заев. Тој пак покажа дека се му даоаѓа навреме на оној кој умее да чека. Дека вистината секогаш победува. Заев со своите рани, го потврди геслото: Ако не се бориш за својот став, се бориш за ставот на својот непријател (Брехт во ,,Мајка храброст“, ). Сите, на некој начин си ја носиме својата голгота. Има страдања кои значат победа. Шти би било од христијанството, да не беше Голготата!?
Меѓутоа, во секој почеток е крајот и во секој крај се раѓа нов почеток! Токму поради ова, мојата дребност, си зема за право да му порача.
Под број еден: Со депеша до сите општински организации – членството и симпатизерите, да ги заковаат дома, за славење има време, а за провокации никогаш нема погодно време! Лесно е, сега, во лесно да си голем! На сите да им вреже во паметот: Од реваншизам да не помислуваат ниту на “Р”! Нема потреба од никакви залетувања, најави за смени, зашто ќе нема потреба: Во моментот кога ќе ја состави владата и ќе му ја изгласа Собранието, сите ќе му појдат на “баци рака!”. Кучиња научени на коска (а камоли на кртина и бифтек!), тешко се бркаат од касапница!
За сите институции, ќе има работа, секој што си “дробел”, ќе си го “срка”!
Мирно, достоинстѕвено, трпеливо, без чалам, токму според црногорскиот умен Марко Миљанов:Јунаштво е кога се бранам себе си од другите, а чојство е кога другите ги бранам од себе си!
Кај големите луге е големо тоа што не мораат да се прават големи!
Веле Митаноски