На денешен ден се одбележува животот и делото на Свети Никифор, кој како патријарх на Цариград ја водеше Црквата со мудрост и непоколеблива ревност. Кога царот Лав Ерменин застана против почитувањето на светите икони, Никифор не се поколеба: прво го советуваше, а потоа со смелост го разобличи царот за неговите злодела. За оваа непокорност, нечестивиот Лав го протера на островот Проконис, каде Никифор веќе бил основал манастир во чест на свети Теодор.
Таму, далеку од Цариград, патријархот како вистински исповедник на верата помина тринаесет години, посветувајќи се на молитва и духовен труд, додека Господ го повика кон вечниот мир во 827 година.
По падот на иконоборците и доаѓањето на Михаил со мајка му Теодора на престолот, патријархот Методиј се врати на својата катедра, а во 846 година свети Никифор конечно се врати во Цариград, но овој пат во слава: неговите нетлени мошти беа пренесени од Проконис и прво положени во црквата Света Софија, од која некогаш бил прогонет, а подоцна во црквата на светите апостоли.
Сеќавањето на Свети Никифор го носи два значајни датуми: 2 јуни, кога го одбележуваме неговото главно празнување, и 13 март, кога се чествува откривањето и преносот на неговите свети мошти. Симболично, токму на 13 март пред деветнаесет години тој бил протеран од Цариград, а истата дата станала ден на неговото духовно враќање во престолнината.
